Постпородилни килограми: Како ослабнаа Кејт Мидлтон, Бијонсе и Кардашијан?
Килограмите по породувањето се фрустрација за секоја жена, а еве како со овој проблем се соочија светските дами и како им појде од рака да се вратат во форма
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, по породувањето ослабна 13 килограми за само пет недели. Практикувала исхрана што содржи малку јаглехидрати, пливала и вежбала пилатес, а по породувањето и редовно трчала.
Ким Кардашијан по раѓањето на ќерката Норт изгубила повеќе од 22 килограми. Секое утро правела по 100 склелови и се придржувала до Аткинсовата диета, исхрана без јаглехидрати. Во едно интервју се пошегува дека имала право еднаш во неделата да „изневерува“ и тој ден консумирала се’ што ќе посака.
Бијонсе одбрала веганско мени, а често е и на 22-дневна програма која подразбира корегирана и здрава исхрана која не вклучува гладување. Освен што не јаде месо, не консумира ништо што е од животинско потекло, како што се млеко, јајца и сирење.