Потресна исповед на Станија за „Операција Олуја“ и заминувањето од Хрватска: Татко ми го убија, фрлија бомба во куќата

- Сето тоа влијаеше на моето здравје, а последици имам и денеска - изјави Станија

Од 4-ти до 7-ми август во 1995-та година започна прогонот на српското население во Хрватска, а меѓу прогонетите беше и поранешната риалити ѕвезда Станија Добројевиќ.

Поради стресот што го доживеала откако нејзиниот дом бил запален за време на војната, фрлената бомба врз автомобилот и нејзиниот татко кој бил егзекутиран, Добројевиќ добила нарушување на тироидната жлезда, со кое се бори и денес.

Смртта на нејзиниот татко Драган Добројевиќ, ја остави со доживотни последици!

Нејзиниот брат исто така доживеал алопеција поради стрес и останал без коса.

- Кога се случи трагедијата и војната во 1995-та година, истиот ден кога беше убиен нејзиниот татко, нејзината куќа беше изгорена и беше фрлена бомба врз нивниот автомобил. Потоа заедно со мајка и и брат ѝ завршија во колективно сместување, со сите луѓе кои доживеале слична судбина. Таа тогаш имала само 10 години, но се сеќава на сè како да било вчера. Ситуацијата била стресна за целото семејство. Покрај тоа што секогаш ги има овие трагични слики пред своите очи, таа се разболела.

- Нејзината тироидна жлезда е во критична состојба, што во секој момент може да ја доведе во опасност. Според советите на лекарот, Станија не смее да се лути, тагува и плаче, бидејќи сето тоа влијае на нејзиното здравје. Нејзината мајка секогаш се плашеше за неа, бидејќи трагедијата најмногу ја погоди старлетата. Беше многу приврзана за својот татко - открива изворот и додава дека редовно се прегледува на секои шест месеци, и дека ќе мора да зема лекови до крајот на животот.

Иако поранешната учесничка на „Задруга“ претходно зборуваше за несреќата, има работи кои не сака да ги објави во јавноста.

- Додека растеше сменила дури девет основни училишта, а Рума беше тринаесеттото место во кое се преселиле. Постојаното запознавање со нови места, луѓе, наставници, деца, борбата да се најде своето место во општеството, желбата да се докаже како одличен ученик, стекнувањето пријатели и вклопувањето беа многу тешки и поразителни.


- Загубата на нејзиниот татко остави големи последици во нејзиниот живот, таа ја изгуби татковската фигура, своевидното чувство на заштита и сигурност, но нејзината мајка направи сè за да го надомести тоа, да се бори за нив како вистинска лавица и да ги изведе на вистинскиот пат, во што и успеа – раскажува изворот за „Курир“ и додава дека и нејзиниот брат Сани претрпел голем стрес и останал без ниту едно влакно на телото.

- Сето ова е последица на страшен стрес. Косата почна да му паѓа преку ноќ, сè додека не ги изгубил последните влакна на телото. И таа ситуација крајно ја потресе Станија.

Пред неколку години Станија за медиумите изјави дека ѝ се слошило и дека трпи последици од детството.

- Татко ми беше убиен за време на војната во Хрватска. Беше куќен пријател со Слободан Милошевиќ, го познаваше и Жељко Ражнатовиќ Аркан. Кога животот во Хрватска стана невозможен, мајка ми, брат ми и јас ја напуштивме куќата во Окучани, која подоцна беше бомбардирана и срамнета со земја. Тато остана таму. Следните две години не знаевме ништо за него, дали е жив или мртов. Кога ни кажаа дека е убиен, целиот свет ни се сруши.

- Мама имаше само триесет години, брат ми шест, а јас десет. Ни кажаа дека е погребан во масовна гробница во Хрватска. До денес не знаеме каде е погребан, ниту пак детали за неговото убиство. Годините без тато беа болни за нас, често се селевме. Отсекогаш ми недостигала татковска фигура. Можеби затоа и денес барам заштита од мојот партнер, тој мора да биде сигурен во себе за да му го дадам своето срце. Сето тоа влијаеше на моето здравје, а последици имам и денеска - изјави тогаш Станија за „Курир“.

Извор: www.telegraf.rs

*Задник 2.000 евра, гради 4.000 евра, мачкини очи 1.500 евра: „Ценовникот“ на операциите на Станија