Потрошила богатство на операции за да порасне неколку цм: Била висока, а поради комплекси заминала под нож

Германска манекенка направила комплицирани и многу скапи операции благодарение на кои ... станала повисока за 14 сантиметри. Како е можно тоа?

Фишер ја стекна славата во Германија благодарение на учеството во програмата „Големиот брат на славните“. По напуштањето на ТВ-шоуто, нејзината манекенска кариера тргна во нагорна линија.

Оваа 31-годишна жена, која до неодамна беше висока 170 сантиметри, направила две операции. За време на операцијата, хирурзите и вметнале прилагодливи телескопски шипки. Благодарение на нив, таа пораснала неколку сантиметри.

View this post on Instagram

A post shared by Theresia (@theresiafischer)



Вкупната цена на операцијата била околу 120.800 евра. Но, на оваа сума морале да се додадат уште 33.000 евра, бидејќи Фишер толку многу потрошила на лекови и терапија.

Се попопуларната операција чини од 60.000 до 135.000 евра, во зависност од тоа колку сантиметри пациентот сака да „порасне“. 

Треба да се додадат дополнителни трошоци, пишува германскиот магазин ГК.


Како што знаеме, операцијата за издолжување на нозете не е безболна. Во текот на повеќечасовната процедура, лекарот ја скршил тибијата на манекенката на двете нозе и вметнал метални шипки што се извлекувале, кои постепено се протегале во текот на следните месеци. Коската, која природно има тенденција да заздравува, се издолжува со ставање во таква челична, растеглива шипка.

Оваа операција вклучува долг процес на опоравување, кој исто така е многу болен.

Нервите, мускулите и ткивата на нозете се истегнати до крај“, пренесува GK.

„Сега ми е подобар сексот“

Фишер, која има над 200.000 следбеници на TikTok и 145.000 следбеници на Instagram, во интервју рекла дека одлучила да се подложи на необичната операција бидејќи не можела да се справи со омразата на интернет. Во коментарите можела да прочита дека не е „вистински модел“ бидејќи ја нема „вистинската“ висина.


„Сега се чувствувам среќна и задоволна од моите нозе. Благодарение на операциите се пронајдов себеси и конечно ја надминав старата траума. Иако сега повторно ме мразат. Зошто сум предмет на толкава омраза?“ Се прашува Фишер.

Манекенката открила и дека издолжувањето на нозете и го подобрило сексуалниот живот. „Сега мојот секс е подобар. Станав многу флексибилна и имам повеќе простор за маневрирање во креветот“, додала таа.


FOTO> Instagram