Повторно направила проблем: Белградската полиција едвај ја спречила Северина да направи поголем скандал
Северина
Вучковиќ повторно во длабоки проблеми поради своето однесување!
Пејачката Северина Вучковиќ повторно имаше проблеми со белградската полиција! Според медиумите, од добро упатен извор, снимањето на спотот за песната „Небо“, кој е дует со Санди Ценов и рапер кој се претставува како Под радар, неочекувано било прекинато кога полициска патрола дошол во сетот по пријава на граѓанин.
Според очевидци од местото на настанот, на некои жители на Нов Белград им пречела бучавата што ја создавале звучниците на автомобилите кои ја пуштале музиката за видеото и не можеле да спијат. Кадрите се снимале цела ноќ, до раните утрински часови, а освен вревата, ги вознемирувал и звукот на автомобилите и моторите, кои биле користени и при снимањето на овој видео клип.
Кога ја добиле пријавата, полициска патрола отишла на местото на снимање. Откако полицајците добиле уверување ќе завршат наскоро пејачката поминала без казна, а подоцна немало повеќе слични проблеми.
- На Северина не и беше сеедно од целата ситуација. Таа била во автомобилот во моментот на пристигнувањето на патролата, а снимала дел од видеото на кое таа е во преден план. Штом излегла од возилото, полицаецот објаснил зошто е таму, а потоа се упатил кон самата пејачка. Веднаш ја препознал и прашал за што се работи и дали снима. Потоа им дал предупредување и ги замолил да бидат тивки бидејќи е доцна, во спротивно ќе биде принуден да им напише казна за бучава и нарушување на мирот. Кога добиле ветување дека ќе ја намалат музиката и дека наскоро ќе завршат, патролата заминала, а Северина и нејзиниот тим се упатиле на друга локација за да ја завршат започнатата работа - заклучува изворот.
Фото:severina/instagram