ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Бидете среќни кога ќе ви се пружи можност за тоа

Добивај вести на Viber

Иван „Иво“ Андриќ - југословенски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. 

Познат по многу цитати кои се цитираат и пренесуваат и ден денес. Ви пренесуваме неколку во овој текст:

- Бидете среќни секогаш кога ќе ви се пружи можност за тоа и секогаш кога ќе најдете сила во себе, бидејќи моментите на чиста радост вредат и значат повеќе од деновите и месеците од животот поминати во матната игра на нашите ситни и крупни страсти и потреби. Нивното остварување е променливо и нездраво, а задоволството од нив несигурно и краткотрајно, само на себеси претставува цел и смисла. А минутата чиста радост засекогаш останува во нас како сјај што никој не може да го смрачи.

- Тоа што не боли не е живот, тоа што не поминува не е среќа.

- Животот е таков што човек понекогаш мора да се срами од она што е најубаво во него и да го крие од светот, па и од оние кои му се најблиски.

- Страста за вистината е најдобар израз на животната сила на човекот и претставува посебен облик на неговата самопочит.

- Кога луѓето би знаеле колку малку памет раководи со светот, ќе умрат од смеа. 

- Додека има мрак, има и светлина. 

- Луѓето кои не работат и не преземаат ништо во животот, лесно го губат трпението и погрешно судат за туѓиот труд.

-Само активните луѓе, нивната борбеност и безобразност го води животот напред, но само пасивните луѓе и нивното трпение го прави поднослив.


- Дрскоста и упорноста се брат и сестра. Дрските и упорни луѓе не можат да ги поправат своите мани и слабости бидејќи тие никогаш не ги чувствуваат последиците од своите мани на себе и не забележуваат дека ги имаат. И затоа од такви луѓе треба да се бега што е можно подалеку.

 -Успехот е она што го крши вратот. 

- Во внатрешните борби што човекот ги води со себе и со непознатите сили во себе, повеќе од каде било важи правилото: никогаш не предавај се.

-Не е најголема будала онаа која не знае да чита, туку она која што мисли се што прочита е вистина. 

- Што вреди да имате многу и да биде нешто, кога човекот не може да се ослободи од стравот на сиромаштијата, ни во ниските мисли, ниту во грдите зборови, ни во несигурноста во постапките, кога бедата го следи човекот. Природата е сурова, а луѓето невозможни.

-Не постојат способности и добри особини што не сакаме да си ги припишеме на себеси; само што таквата желба во нас ја стишува разумот, но ограничените и едноставни луѓе не можат да ја скријат, па за неа отворено зборуваат, јавно се брукаат и изгледаат смешни.