ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Маж посвои четири деца со посебни потреби

Добивај вести на Viber

Бенџамин Карпентер е 33-годишен маж кој живее во Шипли, Западен Јоркшир.  Стана познат во цела Велика Британија поради неговата одлука да посвои четири дечиња со инвалидитет со цел да им помогне да пораснат во малку подобар свет.

Бенџамин вели дека од млади години посакувал да биде родител.

„Со оглед на тоа што децата со посебни потреби се секогаш на дното на листата за посвојување и во многу ситуации, дури и кога некој има желба за нивно посвојување, може да биде комплицирано да им се најде соодветно место за живеење, јас решив да направам мала промена“ - вели тој. 

Пред 10 години го посвоил своето најстаро дете, Џек. 

6-годишната Руби е посвоена неколку години подоцна. 

По неа била посвоена и биолошката полусестра на Руби, Лили, која е глува и со сериозни оштетувања. Целото семејство го научило јазикот на глувонемите за да можат да комуницираат со неа.

Последен е посвоен 2-годишниот Џозеф, кој има Даунов синдром и многу комплексни потреби поврзани со него.