Позната актерка се омажи за својот прв братучед, а потоа му роди син: Ја шокираа јавноста и го уништија семејството со инцест, но хаосот не застана тука

Добивај вести на Viber

Грета Скаки своевремено ја шокираше јавноста кога беше откриено дека му родила син на братучедот, син на нејзината тетка

Една од најпознатите убавици и актерки Грета Скаки со години ги шокира сите со својот бурен љубовен живот. Скандал од невидени размери настана кога оваа убавица призна дека се заљубила во братучедот, син на нејзината тетка.

View this post on Instagram

A post shared by (@starcurator)


Иако љубовта нема граници, некаде треба да се повлече линија, што и на Скаки ѝ е познато, но тоа не ја спречи да стапи во врска со својот братучед. За тоа ѝ беа лути сите членови на нејзината фалимија, а за таа љубов не сакаа ни да слушнат. Оваа ситуација особено го погоди нејзиниот татко. Не можеше да се помири со фактот дека неговата ќерка стапи во врска со синот на сестра му, односно нејзниот прв братучед, син на тетка ѝ.

  - Татко ми беше длабоко повреден и доста уништен. Беше многу лут - изјави Грета во единственото интервју што го даде кога станува збор за оваа врска, признавајќи дека и самата била згрозена од емоциите кои ги чувствувала кон три години постариот Карло.

View this post on Instagram

A post shared by Emma Garman (@garmanemma)


- Тој беше мојата утеха, мојата карпа и човекот кон кој се свртев кога се почувствував очајна - додаде таа.

За работата да биде уште полоша, таа се омажи за Карло Мантегац, а во 1997-мата година дури го добија и синот Матео.


- Тоа само се случи една вечер кога дојде кај мене и беше целосен шок. Бевме пријатели долго време пред да се случи ова и никогаш претходно не сум го гледала така. Дефинитивно бев згрозена од тоа и се грижев како да им соопштиме на луѓето - прво на семејството - рече еднаш Грета.

Сепак, иако толку многу се бореа за брак и опстанок, „Дали мејл“ откри дека Грета и Карло се разделиле пред повеќе од 10 години.

Кога раскинале, таа не можела да работи четири години бидејќи се чувствувала неверојатно повредена. Со него таа ја има и ќерката Лејла Џорџ, покрај синот Матео, според наводни извори.

Покрај тоа, актерката беше кратко во брак со оскаровецот Шон Пен.

Извор: www.najzena.rs