Позната пејачка трагично ја загуби првата љубов во сообраќајна несреќа: Имала 17 години кога ѝ почина момчето, му ја посвети оваа песна
Пејачката Наташа Беквалац како седумнаесетгодишна девојка
имала голема љубов, а момчето со кое била тогаш загинало кога паднал од мотор.
Имено, сите тогаш знаеле за нивната љубов, често се возеле со мотор низ Нови Сад.
За жал, неговата страст за брзо возење го чинела живот. Трагедијата се случила на само неколку десетици метри од местото каде денеска се наоѓа кафаната на Данило Икодиновиќ „Тако е суѓено“.
Во моментот на несреќата Наташа не била повеќе во врска со него, но загубата ја поднела многу тешко. Малкумина знаат дека таа нему му ја посвети и една од најубавите балади - „Мирис“.
Денес таа е емотивно исполнета
Наташа, инаку, признава дека денес е емотивно исполнета, иако моментално нема партнер.
- Се уште нема некој кој ќе ми го привлече вниманието и навистина не размислувам за тоа. Емотивно сум исполнета, но јас сум слободна жена – изјави неодамна пејачката.
- Малку се допишував со некого преку Инстаграм. Малку флертувавме, но го блокирав. Не ме навреди, туку ми зборуваше неучтиво - изјавила Наташа, пренесе „Гранд“.