Познатата актерка открива каков ѝ е животот како самохрана мајка на три ќерки: Најмладата е родена со Даунов синдром - „таа е совршена“

Добивај вести на Viber

Ја гледавме во популарната серија „Вовед во анатомија“ и таа неодамна го сподели своето искуство како самохран родител на дете со посебни потреби.

Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ Катерина Скорсоне неодамна го сподели своето искуство како самохрана мајка на ќерка со Даунов синдром. Таа признава дека на почетокот се плашела, но подоцна ја видела сета убавина на разликите на нејзината ќерка.

41-годишната актерка позната по улогата на д-р Амелија Шепард се соочи со многу лични борби надвор од нејзината кариера. Во 2020 година, таа се разведе од сопругот Роб Гилс, со кој имаше три деца. Со крајот на нејзиниот 12-годишен брак, Катарина остана самохрана мајка на нејзините три ќерки Елиза, Пипа и Лаки.


Нејзината ќерка Пипа е родена со Даунов синдром. „Кога се роди ќерка ми Пипа, бев исплашена. Не знаев ништо за Даунов синдром, апсолутно ништо. Освен што видов дека луѓето се плашат од него, па мислев дека и јас треба да се плашам“, рече таа.

Меѓутоа, додека ја воспитувала својата убава ќерка, на крајот видела дека нејзините првични стравови се неосновани бидејќи раѓањето на Пипа отворило нови врати за нејзиниот живот. „Не постои стандардно, објективно, совршено човечко суштество. Стандардите на совршенство се произволни и наметнати. Мојата ќерка е совршена. Токму таква каква што е“, ја објасни својата нова перспектива актерката.


Поврзувајќи се со други семејства кои имаат членови со деца со различни потреби, актерката се нашла во љубезна и топла заедница која ја пречекала со раширени раце и ѝ помогнала низ нејзиното искуство.

„Јас навистина не знаев како може да изгледа семејството и како може да сака додека не влегов во заедницата за попреченост и не запознав други семејства кои ги сакаа и вклучуваа луѓе со Даунов синдром“, објасни таа.


Во едно претходно интервју во 2019 година, каде што зборуваше за родителството, таа рече дека да имаш деца значи „ништо повеќе не е во твоја контрола“ и „треба да се справиш со се‘ што се случува“.

Нејзината нова перспектива за родителството и нејзиниот однос со нејзината ќерка се рефлектира во ова: „Пипа е совршена таква каква што е. И ти, па и јас. Единствениот начин да се изгуби од вид тоа совршенство е да го побарате на друго место“.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot