Познатата оскаровка е бремена: Беше во центарот на скандал поради гласини дека е во врска со оженет колега, сега Џенифер Лоренс чека второ дете
Џенифер Лоренс, омилената оскаровка позната по улогите во филмовите „The Hunger Games“ и „No Hard Feelings“, го чека своето второ дете.
Возбудлива вест дека Џенифер Лоренс е повторно бремена, потврди нејзиниот претставник за Vogue во неделата, 20 октомври. Лоренс и нејзиниот сопруг, Кук Марони, веќе го имаат двегодишниот син Си, кој го добија во февруари 2022 година.
Парот, кој се венчаше во 2019 година, е исклучително среќен поради проширувањето на семејството. Лоренс неодамна беше фотографирана во Лос Анџелес со труднички стомак. Актерката изгледаше блескаво, комбинирајќи бела маичка со елегантно црно здолниште и црвен џемпер обвиткан преку нејзините раменици.
Лоренс беше отворена за предизвиците за балансирање меѓу мајчинството и нејзината кариера. Во претходното интервју, таа сподели како нејзиниот син влијаел на нејзиниот поглед на работата и животот: „Нема веќе стискање кога имате бебе. Дефинитивно помага да се филтрираат проектите: „Дали вреди да бидам далеку од моето дете пола ден?“, порачала актерката.
Таа беше во центарот на скандал поради врската со поранешниот сопруг Мајли Сајрус
Џенифер своевремено беше во центарот на вниманието на јавноста поради нејзината наводна љубовна врска со актерот Лијам Хемсворт, поранешен сопруг на Мајли Сајрус, додека тие се уште беа во брак. Во оваа прилика се огласи и Џенифер Лоренс која негираше каква било врска со Лијам, откако Мајли ја задеваше во нејзиниот голем хит „Flowers“.
„Тоа не е вистина. Би сакала да одговорам на ова и да кажам дека не е вистина. Чисто озборување", изјави актерката во шоуто на Енди Коен.
Познато е дека Џенифер и Лиам, инаку, колеги се бакнувале зад камерата, но таа тврди дека тоа се случило во периодот кога тој не бил во врска со Мајли - „Мислам, сите знаеме дека јас и Лиам еднаш се бакнавме. Но, тоа беше неколку години по нивното раскинување“, призна тогаш Џенифер Лоренс.
Фото: ИнстаграмИзвор: Mondo.rs