Познатата водителка стана мајка: Ден по роденденот пристигна најубавиот подарок за хрватската убавица
Најубави вести пристигнаа во домот на убавата хрватска водителка и актерка
Имено Дорис Пинчиќ на македонската јавност позната како Лара од серијата „Изборот на Лара“ се породи ден откако го прослави својот 35-ти роденден.
Дорис и нејзиниот сопруг Давор Губеровиќ се венчаа на крајот на минатата година, а неколку месеци подоцна таа потврди дека е бремена.
Ова е трето дете на актерката. Од бракот со Борис Рогозница има син и ќерка.
Пинчиќ кон крајот на минатата година се омажи за Давор Губеровиќ, а неколку месеци подоцна потврди дека чека дете. Губеровиќ има и две деца од претходниот брак, два сина.
- Точно е дека сум бремена. Целото наше потесно и пошироко семејство, големо и мало, сите со нетрпение го очекуваме доаѓањето на уште едно мало суштество на светот – изјави Дорис.
Актерката Дорис Пинчиќ долго време е една од омилените хрватски телевизиски личности, а славата во Хрватска ја стекна за време на емитувањето на серијата „Изборот на Лара“.
Таа со години ужива голема популарност на хрватската сцена, а се чини дека во последно време добро ѝ оди на сите фронтови.
Да потсетиме, како што пренесуваат хрватските медиуми, таа само во последната година заработила сериозна сума на пари. Дорис е сопственик на компанија која произведува филмови, видеа и телевизиски програми.
Извор: glossy.espreso.co.rs