ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ДВОЈКИ (2): Како се запознале?
Нова тура љубовни приказни. Овојпат ги одбравме првите средби на познатите спортски новинари Катерина и Драган Николовски, пејачката Елена Петреска со сопругот Андреј, но и на неговиот имењак од популарното дуо „ДНК“ со својата избраничка
Елена Петреска и Андреј Толевски
Во една прилика познатата пејачка се пошегува дека сите бараат партнер во дискотека, дотерани од глава до петици, а таа љубовта на својот живот ја запознала во тренерки и патики, без грам шминка на себе.
- Во периодот кога го промовирав спотот за песната „Маска“ имав интервјуа за кои ми требаа материјали од видеото, а јас не успеав да организирам фотограф на снимањето. Така, дојдов на идеја да „направам“ фотки од видеоматеријалот, но тоа не можев да го сработам сама. Еден другар ми предложи момче за кое ми нагласи дека е најдобриот ИТ-техничар што го познава. Момчето беше Андреј. Директно му отидов дома во „најлабавата“ варијанта–раскажа Елена.
Првото видување било само професионална соработка. Повторно се сретнале по 3-4 месеци.
Катерина и Драган Николовски
И двајцата се докажани спортски новинари. Учеле во иста генерација во средното училиште „Јосип Броз Тито“, но вистинска комуникација оствариле на спортски настан. По неколку месеци почнале да се забавуваат. Партнери од иста професија може да биде предност, но и кочница, а Николовски веќе 17 години успеваат да ја сочуваат хармонијата во меѓусебниот однос.
Наталија и Андреј Ѓорѓиески
Пејачот на популарното дуо „ДНК“ во едно интервју раскажа дека со сопругата се запознале сосема случајно. Таа работела во бутик во кој тој пазарувал. Привлечноста и симпатиите веднаш се родиле. По неколку дена станале пријатели на „Фејсбук“. Извесен период се допишувале, па се договориле да излезат на пијачка. Оттогаш се неразделни.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов