Животна училница // Приказни
ПОЗНАТИТЕ ЖЕНИ ПОРАЧАА: Никој нема да не запре, ќе донесеме промени
Жените мора да се борат за социјална правда, и за еднаквост, со декади и декади, велат од Обединетите нации.
Никол Кидман, амбасадор на ОН вели дека ќе бидат глас на жените кои немаат глас.
Ема Калиа рече дека времето е сега за да ова се направи.
„Никој не може да не запре нас. Ние ќе зборуваме за нашите права“ - велат жените по повод 8 Март во видеото кое го објави ОН.
Малала Јусафзаи која е добитничка на Нобеловата награда вели дека ќе успеат затоа што сите се заедно и ветува дека нивниот глас ќе биде чуен и дека ќе донесе промени.
Камала Лопез, активистка од Америка изјави дека сега е време за еднакви права и за еднаква почит за жените.
Хилари Клинтон, која беше и претседателски кандидат во САД вели дека жените заедно биле и во полињата, и во супермаркети, и затоа бараат достоинство за сите девојки и жени во светот кои делат иста судбина.