Празници се ближат: Ова се најдобрите новогодишни подароци за секој хороскопски знак

Рак

- Ракот е управуван од Месечината, таа владее со домот и се што е поврзано со него. Сакаат да готват и би ценеле нова тава или подарок картичка за продавница со производи наменети за домот - вели астрологот.

Раковите се исто така многу посветени на семејството и би уживале во семеен албум.

Лав

Со лавот кој сака внимание управува Сонцето или „центарот на универзумот“, вели Милер.

- Сакаат да се дотеруваат и да привлекуваат внимание со својот изглед. Ќе ги воодушеви облеката на нивниот омилен моден дизајнер, шише шампањ или елегантни козметички производи – објаснува астрологот.

Девица

– Под владеењето на Меркур (планетата на комуникацијата), Девиците секогаш размислуваат за нешто, па затоа книга со гатанки за возрасни би била убав подарок – вели Милер.

Како земјен знак, и Девиците сакаат се што е природно и втемелено.

„Тие би ценеле некоја органска чиста козметика или активност што можат да ја прават со своите раце, како час за готвење“, вели таа.


Претходна страна  Следна страна