Празнината е уште поголема: Девет години од убиството на Ксенија Пајчин

Пред точно девет години на денешен ден, почина српската пејачка Ксенија Пајчин. На 16 март во 2010 година, пејачката ја уби нејзиниот поранешен дечко, манекенот  Филип Каписода, кој потоа изврши самоубиство. Српските медиуми тогаш објавија дека причината била љубомора. Нивните тела ги пронајде мајката на Ксенија, Љубица, во станот на пејачката во Белград.

Манекенот Филип Каписода ја уби Ксенија Пајчин, а потоа се самоуби 

На Новите гробишта во Белград, денес се одржа помен за познатата пејчка на кој дојде нејзината мајка. Таа низ солзи го бакнуваше и го гушкаше споменикот и сликата на својата покојна ќерка, пишува „Пинк.рс“.

Љубица, мајката на Ксенија на денешниот помен 

Пред мајката, гробот на Ксенија го посетиле нејзинио татко и сестрата. 

Стилистот Бане Девиќ, кумот на Ксенија, вели дека по девет години откако ја нема, празнината во неговото срце е сѐ поголема. 

Пајчин со кумот, Бане Каписода 

„Како што поминуваат годините, таа празнина не се пополнува. Ми недостасува. Таа беше најдобриот пријател што некогаш сум го имал. Трагедијата однесе и дел од мене, затоа што многу се сменив. Не излегувам веќе навечер, сѐ е поинаку“, изјавил кумот за „Курир“.