Пред 7 години почина Дона Арес: Тврдеше дека поради оваа намирница добила рак
Дона Арес добила рак поради храна, таа била убедена
Босанската пејачка Дона Арес почина пред 7 години по долга борба со опасна болест. Дона Арес заболела од рак кога имала само 39 години, а починала две години подоцна, иако нејзината волја за живот била огромна.
Успеала двапати да ја победи болеста, но таа секој пат ѝ се враќала. Третиот пат беше кобен за неа. Инспирирана од тешката борба со злокобната болест, Дона ја напишала книгата „Соба за никој“ која била нејзина исповед.
Дона Арес Ракот не можеше да го победи и покрај нејзината силна волја
Борбата на Дона беше следена од самиот почеток, сите мислеа дека ќе се спаси, дека ќе ја победи оваа зла болест, но за жал тоа не се случи. Во гостувањето во ток-шоу, Дона откри зошто мисли дека заболела од рак.
- Знам дека сите ќе ме нападнат, но мислев дека лично сјас ум отруена од млеко - изјавила пејачката и додала дека секојдневно консумирала големи количини од оваа храна.
Пет дена пред смртта таа објави уште една фотографија на својот Инстаграм профил. Таа објави слика направена пред болеста, на која изгледа прекрасно и напиша - Ве сака вашата Дона Арес.
Мајката на Дона како и првиот ден тагува за својата ќерка.
-Верувај ми, со текот на времето не станува полесно, само потешко, а единственото нешто што ме одржува е храброста и силата што ни ги остави. Кој вели дека времето лекува болка, лаже. Живеам така што ја чувам тагата за себе. Премногу е тешко и секој нов ден е потежок. Кога сфати дека ѝ доаѓа крајот и дека не може да продолжи, на оние од нас кои останавме зад неа им прочита лекција и рече: „Морате да бидете силни до последен момент, да се борите секој ден од почеток“ . Се разбира, ние се обидуваме да и ја исполниме желбата - рече мајката на Дона своевремено за Аваз.
Фото: Принтскрин инстаграм