Пред да ја запроси и платил пластична операција, па ја земал за жена: Никогаш не ми покажува љубов, но богат е и имам финансиска стабилност
На Тик ток, 27-годишната девојка, која се потпишува како @sidneypurl, ја објави својата приказна, прашувајќи ги своите два милиони следбеници дали претерува затоа што и пречи однесувањето на сопругот.
„Вереникот ме принуди да одам на пластична операција пред да се вериме. Јас имам 27 години, а тој 37, тој е доктор и добро заработува. Инаку, тој редовно дава пари за хуманитарни цели и им помага на сиромашните, а неговите родители се неверојатни. Навистина добро се согласуваме и многу се смееме заедно и уживаме“, рече таа и додаде:
„Нема да глумам дека парите што ги заработува не се привлечни. Не би рекла дека сум материјалистка, но моето семејство навистина се мачеше кога растев, а јас само сакам финансиска стабилност за моите деца“, рекла таа.
Во моментот кога и ја спомнал пластичната операција, вели, биле заедно две години, кога и рекол дека мора да направи липосукција на нозете, пред воопшто да помисли да ја запроси. Откако таа се согласила, тој и ја платил операцијата, па парот потоа се свршил. Но 27 –годишната девојка не била задоволна од целата ситуација.
@sydneypurl My fiancé wouldn’t propose to me until I got plastic surgery - Reddit storytime Using: @Freck Beauty rich bitch serum @rimmellondon lasting radiance concealer @Nudestix tan glow contour @unicorn_cosmetics bear tease blush @Huda Beauty cherry blossom powder @Iconic London triple precision brow definer @Morphe Cosmetics 18WT palette @Laura Mercier nude rose caviar stick @Tower 28 Beauty make waves mascara @LottieLondon diamond bounce highlighter @Doll Beauty boy bye lip liner @NARS Cosmetics Morocco air matte lipstick @Kissproductsuk impress cluster lashes #redditstories #makeupstorytime #softglam #makeup #grwm original sound - SYDNEY PURL
„Никогаш не ми дава комплименти, никогаш не ме гали и не ми покажува љубов“, се пожалита таа.
Рекла и дека планирањето на венчавката и станало здодевна работа, но тоа не му го кажала.
„Цел ден работи напорно и не сакам да му се жалам, но не чувствувам дека ме сака и често кога има лош ден ме оттргнува од него“.
„Бегај што побргу“, ѝ напишала една личност во коментарите. „Мислев дека се шегуваш, но гледам дека си сериозен“, додал некој друг следбеник.
„Ти заслужуваш многу подобро и тоа што го кажуваш не е нормално, никој не треба да се однесува така со никого“.
„Ова ми звучи како почеток на злоупотреба. И дури и да не е, не е нормално. Не си се омажила се за него само затоа што ти дава финансиска сигурност, подобро е да живееш малку несигурно, но со љубов“, се само некои од предупредувачките коментари.
Фото: Тик ток принтскринИзвор: zena.blic.rs