,

Пред да почине татко напиша книга на својата ќерка која не дочека да ја запознае: Сè додека се насмевнуваш еднаш на ден, сè ќе биде во ред

Во срцепарателна книга за тогаш сè уште неродената ќерка, татко кој имаше тумор на мозокот и кој почина само неколку недели пред нејзиното раѓање ѝ напиша: „Смеј се секој ден и порасни сонувајќи“

Скот Фергусон од Сиднеј, Австралија, почина на 31 март на само 33 години, а неколку недели подоцна, на 27 април, се роди неговата ќерка Исла. Бидејќи под знак прашалник беше дали некогаш ќе ја запознае, тој пред својата смрт ѝ напиша книга на својата ќерка која никогаш не дочека да ја запознае, бидејќи почина од рак само неколку недели пред нејзиното раѓање.

Чувствувајќи како му се приближува смртта, Скот напишал писма и снимил видеа за целото свое семејство. Но, тој напишал цела книга за својата ќерка. Делови од книгата беа објавени од телевизиската станица 7News.

- Следи ги твоите соништа. Не мора да живееш како сите други. Твоите мајка и тато секогаш ќе бидат горди на тебе, без оглед на сè.
Сè додека се насмевнуваш еднаш на ден, сè ќе биде во ред - напишал Фергусон во книгата за својата ќерка.

„Кога ќе се омажиш, знај дека ќе бидам со тебе и ќе те следам по олтарот“, напиша тој. Во 2018 година, Скот се онесвести во трговски центар и беше пренесен во болница. Таму лекарите му ја соопштија страшната вест - дека има глиобластом, тумор на мозок, во четвртата фаза и дека е агресивен и рапидно расте. Лекарите му предвиделе уште најмногу 18 месеци, доколку имал среќа.

Во просек, луѓето кои го имаат овој тумор живеат со него од 12 до 18 месеци, според веб-страницата на Добротворната организација за тумор на мозок.

Откако дознал за туморот, Скот бил подложен на две операции, дури 56 пати на зрачење и 10 месеци на хемотерапија. Лекарите биле воодушевени од тоа колку пати неговата состојба се подобрувала во тие години.

Тој со неговата девојка бил заедно од 2010 година, а по оваа страшна вест одлучиле да го искористат максимално времето што му останало на Скот. Тие се венчаа во 2019 година, а 10 месеци подоцна започнаа процес на вонтелесно оплодување.

Кога дознале дека Џејми е бремена, биле воодушевени, пишува британски Сан. Во меѓувреме, Скот изгубил контрола над левата страна на неговото тело. Набргу потоа, на 31 март, починал во мир, дома, опкружен со семејството.
Живееше три години со агресивен тумор на мозокот, двојно подолго од најдобрата прогноза што им се дава на пациентите. Џејми рече дека сторила сé што може за тој да поживее и да ја запознае својата ќерка, но за жал таа желба не се оствари.

- Целосно сум скршена, Скот почина. Без болка, како што тој сакаше - напиша Џејми по неговата смрт.

- За време на целото ова патување Скот беше неверојатен, се бореше до последниот здив. Никогаш не се предаваше, се грижеше за мене и за неговото девојче во стомакот... до самиот крај - напиша таа. 

По раѓањето на ќерката Ајл, Џејми напиша дека тоа е „најсреќниот и најтажниот момент во нејзиниот живот“.

View this post on Instagram

A post shared by Jaymie Ferguson (@jaymie.ferguson)


„Тој би бил прекрасен татко“, изјави таа подоцна за 7News.

извор:24sata.hr