Пред да си го одзеде животот, мајката покажа кое дете ќе порасне во психопат: 18 години подоцна се случи нешто морничаво

Британката Џоди Витинг (42) си го одзеде животот во февруари 2017 година, а пред тој страшен чин оставила писмо за нејзината мајка Џој, сопругот Мартин и семејството. Мајката на девет деца во писмото потенцира дека повеќе не може да се носи со животот и огромната одговорност додека долги години е во депресија поради нејзиниот хендикеп.

Во писмото, таа потоа го привлекла вниманието на нејзината мајка зборувајќи за нејзиниот син Кори Бел, кој тогаш имал 16 години, дека тој дефинитивно има биполарно растројство и да  го гледаат повеќе од било кој, бидејќи, според нејзиното мислење, тој е „способен да направи се“.

-Се плашам како Кори Бел ќе помине во животот. Кога беше направена оваа слика, тој имаше помалку од една година. Дури и тогаш ми изгледаше многу непредвидлив, се плашев дека ќе стане психопат. Тој има биполарно растројство , треба да се лекува. Гледајте го, тој прв ќе скршне од вистинскиот пат, нагласила Џоди Витинг во 2017 година, вметнувајќи заедничка семејна фотографија во спомен писмото.

Три години по смртта на Џоди, односно кога наполнил 19 години, Кори Бел се предозирал и починал. Пет месеци пред тоа се обидел да убие еден од дилерите на улица. Уште кога бил бебе (момчето седи во скутот на татко му десно на сликата), мајката јасно видела што може да му се случи.

Џој Витинг (67) нагласила дека нејзината ќерка многу добро ги познавала своите деца.

-Таа точно знаеше што ќе се случи со секое дете, особено со Кори Бел, а тој немаше ниту една година. Таа ми напиша во писмото: "Те молам, чувај се за него, прерано ќе стави крај на својот живот". изјави таа за британски „Мирор““.

Инаку, Џоди Витинг имала сообраќајна несреќа поради која останала во инвалидска количка. Мајка Џој вели дека неуморно работела за своите девет деца за да бидат сите образовани, добри и паметни.

-Лицето одговорно за несреќата никогаш не беше пронајдено. На тој дел од патот немаше камери. Лицето што ја удри со автомобилот ја остави да лежи таму додека друг возач не застана на патот да и помогне. Таа заврши во инвалидска количка. На крајот стана зависна од лекови и терапија. До последниот ден од животот зборуваше само за своите деца. Знаеше дека ги остава сами со мене и нејзиниот сопруг, но не можеше повеќе да издржи. Единственото нешто од што се плашеше беше Кори Бел. Целиот негов живот. И таа беше во право“, додала Џој Вајтинг.


Фото:printscreen/twitter