Пред огледало со Илма Рамковска: Килограмите ги симнувам со калориски дефицит, проверувам калории и на мастика пред да ја лапнам

Добивај вести на Viber

Себе си би се опишала како темпераментна и хаотична жена која секогаш се труди да постигне сѐ 

Професионалната шминкерка Илма Рамковска е посветена сопруга и мајка која секогаш внимава на својот изглед, а во оваа прилика пред огледалото на Женски Магазин ги раскажа своите ритуали за убавина.

* Каков е вашиот дневен козметички ритуал?

- Мојот дневен козметички ритуал вклучува чистење, тонирање и хидратација на лицето.Серуми и масла користам пред спиење за да го избегнам масниот изглед на кожата во текот на денот.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Користам нежно средство за чистење, тонер без алкохол и дневната хидратантна крема на брендот „Elixy“ која што содржи екстракт од полжав. Вториот дел од „skin care“ рутината како што реков се серумите,а јас ги користам серумот со масло од шипка, серумот со хијалуронска киселина+алое и „snail repair“ серумот од „Elixy“.

* Посетувате ли козметички салони?

- Секако дека посетувам, но морам да признаам  дека не многу често затоа што како фанатик за сѐ што е поврзано со убавината, јас сум „сама свој мајстор“ и тоа е една од главните причини што си го исполнив мојот сон да имам свој салон за убавина.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Користам шампон и регенератор кои одговараат на мојот тип на коса. Понекогаш користам и маска за дополнителна хидратација и сјај.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминката?

- Со шминката  сакам да прикријам мали неправилности на кожата и се случува понекогаш да имам потреба да го покријам заморот на очите доколку периодот не сум имала квалитетен сон. Со шминката сакам да ги нагласам веѓите така што суптилно ги поцртувам со сенка и така добивам посиметричен и хармончен изглед на лицето.

* Кои се вашите омилени козметички производи?

- Моите омилени козметички производи се хидратантната крема, коректорот и маскарата. Овие производи ми се сосема доволни за да се чувствувам дотерано.

* Што имате секогаш во вашиот несесер?

- Во мојот несесер секогаш имам коректор, руменило, маскара, молив во неутрална боја и огледало.

* Омилен парфем?

- Омилен парфем ми е „MontBlanc Signature“.

* Како ја одржувате линијата?

- Мојата линија варира со неколку килограми плус минус во последните години. Пред сѐ нешто што ценам кај себе е тоа што знам да уживам и во некој килограм плус и не ја губам лесно самодовербата. Кога имам некој килограм плус ми е интересно да си ги поносам облините сѐ до моментот додека не одлучам дека е време да симнам некој килограм. Килограмите ги симнувам со калориски дефицит, каде што сум во состојба да проверувам калории и на мастика пред да ја лапнам.

* Како би се опишале себе си?

- Би се опишала како темпераментна и хаотична жена која секогаш се труди сѐ да постигне.

* Што е она што ве движи напред?

- Моите два сина се мојот двигател.

* Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?

- Надворешната убавина може да остави прв впечаток, но карактерот е тој што може да го задржи вниманието.

* На која дама ѝ се восхитувате и зошто?

- Се восхитувам на литературата за Клеопатра. Таа била и политички стратег, предмет на фасцинација во литературата која опишува дека таа имала фасцинирачка убавина.

* Каква треба да е современата жена?

- Современата жена треба да поседува знаење, да биде самоуверена и да има сопствени цели и амбиции.


*Д.Караташова Илиоска