Предрасуда е дека жените и штедењетo не одат заедно!
Ако сте една од оние жени кои ги превземаат работите во свои
раце, мислат на иднината и сакаат да вложуваат, овој текст сигурно е за Вас!
Да почнеме од почеток!
Предрасуда е дека жените и штедењетo не одат заедно, а светот на финансиите и инвестициите го владеат целосно мажите или сликата за жената која е посветена само на семејството, а нема време за деловни размислувања. Жената која само троши, а кога станува збор за штедење или вложување, грижата околу овие прашања ја препушта на својот партнер. Ваквите предрасуди одамна се надминати.
Финансиската независност носи многу предности, а животните цели се постигнуваат со постепено и долгорочно штедење.
Имате стабилна работа која Ви овозможува да имате мали заштеди, истите сакате да се на сигурно и да се оплодуваат. Не сакате штедењето да Ви претставува напор, туку процес кој ќе биде прилагоден на вашите потреби, со можност за дополнителни вложувања во секое време!
Секоја модерна жена е добро информиранa, отворена е да ги ислуша советите и размислувањата на другите, но секогаш одлучува по сопствено убедување. Ги проверува информациите, настојува да ги има сите можности на увид. Факт е дека со енергетско - економската криза, вложувањата во акции бележат негативен индекс, а штедењето во банка сеуште е најсигурна и најстабилна опција.
Важно е редовно да ги следите понудите на македонските банки. Во моментов УНИБанка е една од банките која има највисоки каматни стапки за штедење, дури до 3,5% што е највисока стапка последниве години.
Позитивно е што можете во секое време да го следите растот на депозитот преку електронското и мобилното банкарство на УНИБанка, а фактот дека депозитите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити претставува дополнителна сигурност.
За депозит во износ повисок од 615.000 мкд, имате можност дури и за стимулативна каматна стапка. Едноставно колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате!
Звучи неверојатно, ќе се сложите?!
ПР објава