Актуелно // Insta вести
Прекрасна атмосфера во романтичен хотел на Алпите: Фолк пејачката Сани се омажи по трет пат (ФОТО)
Познатата фолк пејачка Сани по трет пат стапна на лудиот камен, а овој пат со нејзиниот избраник Никола Урдаревиќ, менаџер на хотели од Македонија кој живее во Швајцарија.
И свадбената веселба, на која ги собраа најблиските, се одржа на Швајцарските Алпи во романтично украсен хотел.
Сани изгледаше одлично во краток бел сако фустан со пердуви, додека Никола се одлучи за сив класичен костум.
Сани од првиот брак ја има ќерката Викторија, а од вториот ќерката Ева, кои присуствуваа на веселбата.