Прекрасна вест за жените родени во декември, не толку добра за родените во април

Добивај вести на Viber

Научници од Харвард ја истражувале врската помеѓу месецот на раѓање и умирањето како последица на срцеви заболувања. Според ова истражување, малку поголем ризик од ова заболување имаат жените родени на пролет и во лето. Попрецизно, најголем ризик е утврден кај оние што се родени во април, додека во таа смисла „најбезбедни“ се дамите родени во декември.

Истражувањето во кое партиципирале нешто повеќе од 116.000 жени, покажало дека оние родени помеѓу март и јули имаат околу девет отсто поголем ризик да починат од срцеви заболувања, отколку оние родени во ноември.

Оние што волонтирале биле на возраст од 30 до 55 години на почетокот на истражувањето, а во просек секоја од нив била следена 38 години. Во тој период 8.360 починале од кардиоваскуларни болести, при што најголема стапка на смртност е забележана кај оние родени во април, а најмала кај оние родени во декември. Резултатите биле исти дури и кога се земале в предвид и други фактори како социоекономскиот статус.

- Варијациите на ризикот од заболување и од умирање како последица на кардиоваскуларни болести во зависност од месецот на раѓање сѐ уште не го разбираме доволно, но тоа може да е поврзано со пренаталната и постнаталната изложеност на инфекции, внатрешната температура, загадениот воздух, „достапноста“ на сончевата светлина, но и хранливоста на сезонските намирници - објаснуваат професорите од Харвард.

Тоа секако не значи дека само месецот на раѓање го одредува здравјето на вашето срце. Веројатно веќе знаете дека за здраво срце важно е и здраво да се храните, да се движите, но и да не пушите и да не пиете алкохол во големи количини.