Животна училница // Приказни
Прекрасно видео: Татковци и ќеркички од Битола со специјален танц за сите мајки и баби
- 08 Март, 2019
- ПОСВЕТЕНО НА НАШИТЕ МАЈКИ, СОПРУГИ, БАБИ И СИТЕ ЖЕНИ - Честит 8-ми Mарт! ТАТКОВЦИ И ЌЕРКИ - ONE REAL LOVE- напиша на својот профил на Фејсбук, Александар Тодоровски, еден од петте татковци од Битола кои заедно со нивните ќеркички изиграа емотивен танц посветен на сите жени.
Станува збор за дел од приредбата во градинката „Естреја Овадија Мара“, клон „Пролет“, група Срцки (4-5 год.)
За идејата и мотивацијата е заслужен воспитниот тим:Aneta Atanasovska - воспитувачка, Elisaveta Paunovska - негувателка иSnezana Ivanoska - проф.по музичко.
Видеото стана вирално, и има над 270 споделувања и многу позитивни коментари.