Премногу тажно: Мег Рајан конечно се појави во јавност, од операции не личи на себе

Мег Рајан во последните години ретко можеше да се забележи во јаноста. Меѓутоа, откако неодамна се појави на гала вечерта посветена на документарениот филм на нејзиниот колега Мајкл Џеј Фокс, не стивнуваат коментарите за нејзинот изглед.

Славната актерка беше одлично расположена и со задоволство позираше на фотографите со своите колеги и пријатели, но она што сите го забележаа е дека таа воопшто не си личи на себе, особено во периодот кога нејзината кариера беше во полн ек.

Мег долго време негираше дека имала некакви козметички зафати на лицето.

- Искрено, не обрнувам внимание на таквите озборувања, велеше актерката уште во 2015 година за магазинот „Портер“, кога ја прашале за пластична хирургија.

Но, новите фотографии јасно покажуваат дека бројните козметички зафати ја промениле до непрепознатливост шеесет и едно годишната Мег, па таа денес е далеку од слатката, шармантна и опуштена девојка од соседството каква што ја паметиме по бројните улоги.

Да потсетиме, Мег го има 31-годишниот син Џек Квејд од врската со актерот Денис Квејд, а во 2006 година ја посвои ќерката Дејзи Тру Рајан (19).

Од 2010 година, таа беше во турбулентна врска со музичарот Џон Меленкемп кој е 10 години постар од неа - парот раскинуваше и се смируваше неколку пати, а се верија во 2019 година. Сепак не успеаа да ги надминат сите препреки, па неодамна и официјално ставија крај на врската.

-Имаше толку многу подеми и падови и тоа не беше воопшто добро. Таа само требаше да излезе од таа врска и од таа нездрава средина. Да, се грижи за Џон, но конечно е време да проолжи понатаму. Таа знае дека ја донела вистинската одлука и дека е среќна“, изјави извор близок до актерката.