,

Пресметајте која е вашата идеална тежина

Добивај вести на Viber

Индексот на телесната маса е мерило за идеалната телесна тежина и сите здравствени организации го практикуваат. 

Овој индекс е најлесен начин да пресметате дали тежината и висината ви се складни.

Ако човекот е висок 176 сантиметри има тежина од 84 килограми, неговата висина треба да се помножи два пати, но по овој пример како децимала.

1,76 х 1,76 = 3,0976.

Кога со тој број ќе ја поделите телесната тежина (84 : 3,0976) добивате индекс на телесна маса 27.

Нормалниот индекс на телесна маса е од 18,5 до 25.

Секоја вредност под 18,5 се смета за ненахранетост, додека ИТМ од 25 до 30 означува прекумерна телесна тежина.

Сè што е над 30 е сериозна дебелина која може да го загрози здравјето.