„ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПИШУВАТЕ ЗА НЕГО“-Ниту е од добро семејство, ниту е одличен ученик-Пишувајте за девојчето што трчаше да си го спаси братчето

Професорка по српски јазик и директорка на Петтата белградска гимназија, Верица Ракоњац Павловиќ, излезе со потресна порака до јавноста. Раскажа за денот на нападот на Коста и за подвигот на една од ученичките, која, наместо да се спаси себе си, трчало да го спаси своето  братче.

„  Љубовта на сестрата кон нејзиниот брат! Велат дека момчето – убиецот е од добро семејство и дека бил одличен ученик… Ниту е од добро семејство, ниту е одличен ученик, иако ги имал сите петки… Добро семејство е единствено она во кое има љубов меѓу членовите на семејството и кон другите луѓе, а сите други семејства се, за жал, повеќе или помалку лоши и тоа влијае на психата на секое дете и не може да се надомести со ништо.

Одличен ученик не е оној кој ги добива сите петки, туку оној кој е разумен, поразумен од другите деца. На спротивната страна на ова дете кое не сака никого, (за жал честа појава кај децата и возрасните во денешното време на отуѓување), стои девојче кое неверојатно успева да се спаси со својата смиреност, да избега од училницата…

Деталите читајте ги на Фактор тука.