Престижниот финансиски магазин „Global Finance“ ја прогласи Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија” за 2019 година
Финансискиот магазин Глобал Фајненс, публикација на Светска Банка која е достапна во 188 земји во светот, по 26-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда “Најдобра банка за 2019 година” во регионот на Централна и Источна Европа за 2019 година.
Овој меѓународен финансиски авторитет, ја постави Охридска банка Сосиете Женерал на пиедесталот на најдобрите Банки во Централна и Источна Европа, со што стана единствената банка од земјата која четири години по ред е носител на признанието “Најдобра банка во Македонија”.
Според уредничкиот одбор на Глобал Фајненс, зад кој стои Светска Банка, најдобри резултати покажува Охридска банка Сосиете Женерал при направената евалуација на објективните и субјективните критериуми, кои го мерат остварувањето натпросечни напори во своето работење при тоа воведувајќи производи и услуги во реално време кои истовремено нудат апсолутна безбедност за клиентите.
„Најдобра банка во Македонија за 2019 година е повеќе од големо признание, особено кога доаѓа од страна на врвен авторитет како Глбоал Фајненс. Уште повеќе што оваа награда ја добиваме 4та година по ред и со тоа овој успех веќе станува и обврска, а и очекување на нашите клиенти кон нас како финансиска институција. Во годината во која Банката истапи со нова стратешка определба, продолжуваме во ист ритам на чекориме. Овој успех се должи на одличната соработка со сите наши клиенти и на посветената работа на тимот на Охридска банка но, ова е и мотив и визија за тоа каде сакаме да бидеме и во наредните години “ изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка Соситете Женерал.
„Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која Охридска банка Сосиете Женерал ја има во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност, нашата истрајност и посветеност. Одличните резултати кои во низа ги постигнуваме, како и историски највисокиот раст на добивката на Банката во изминатата година, само покажуваат дека апсолутно го заслужувме ова“ додаде Павловиќ.
Наградата на Охридска Банка Сосиете Женерал за Најдобра банка во Македонија ќе и биде доделена на свечена церемонија на 19 октомври 2019 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 22. најдобри банки од Централна и Источна Европа.