Претседателката Давкова од Пелинце со врвна елеганција: „Силно светнал ден“

Добивај вести на Viber

Денес многу политичари се на значајни месета низ Македонија за да го одбележат заедно со народот празникот Илинден.

Претседателката Сиљановска Давкова имаше свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.

Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ.

Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости.

Давкова се одлучи за креација со чисти линии, боја на духовноста и она што најдобро и стои- елегантен костим.

На крајот од говорот го цитираше Рацен и секако, најмногу одекна „Силно светнал ден“.