Претседателот Пендаровски и првата дама Елизабета како холивудска двојка пристигнаа на 43. издание на „Браќа Манаки“

Синоќа по 43-ти пат се одржа Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, каде специјални гости беа македонскиот претседател Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска.

Пендаровски и Елизабета изгледаа како холивудска филмска двојка на црвениот тепих.

Првата дама воодушеви со темнозелената тоалета со црни детали и црни салонки.

По 43. пат Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ пречекува домашни и странски кинематографери, филмски работници, уметници и автори кои со својата креативност и уметнички дух им го пренесуваат оригиналниот филмски свет на вљубениците во филмот.
Со својата богата играна и документарна програма овој наш уникатен фестивал покажува дека е јадро на прогресивноста и во естетска и во поширока општествена смисла, во кое во континуитет се согледуваат сите важни струења на современите кинематограферски практики - напиша претседателот и откри дека со голема чест му ја врачил наградата за животно дело на истакнатиот британско-дански кинематографер, оскаровецот Ентони Дод Ментл.