Животна училница // Приказни
Претседателот Пендаровски ќе ги одликува со Орден за заслуги за Македонија членовите на легендарната група „Леб и Сол“
- 26 Јули, 2023
Претседателот Стево Пендаровски, на свечена церемонија ќе ги одликува басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, рок, поп и џез музичарот Влатко Стефановски и тапанарот Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Македонија.
Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот вечерва во 19:30 часот.
Бодан, Кокан, Влатко и Гарабет се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.
Фото: Официјален Фејсбук профил - Прецедател на РСМ, Стево Пендаровски /Youtube - screenshoot