Пријанка Чопра со сопругот и ќеркичката Малти за првпат се појавија во јавност на церемонија: Еве на кого личи

Добивај вести на Viber

Славниот пар вчера, една година по нејзиното раѓање, за прв пат ја претстави својата ќерка Малти Мари во јавноста. Поводот беше прекрасен, а познатиот сопруг и татко Ник Џонас воодушеви со зборовите кои ѝ ги упати на сопругата Пријанка Чопра.

Ова не е прв пат Ник Џонас да покаже колку е романтичен. Многумина тоа го предвидоа кога кажаа дека тој не е доволно добар за актерката, која според тие луѓе може да најде подобар маж.

Вкусови има многу, но не треба да се задржувате на вакви површни забелешки. Подобро е да се свртиме кон реалноста во која Пријанка Чопра (40) и Ник Џонас (29) се во среќен брак од 2018 година. 

Ќерката Малти Мари вчера беше претставена на Булеварот на славните во Холивуд, каде Ник и неговите браќа добија ѕвезда.


„Толку сум горда, љубов“, порача актерката на Инстаграм.

Познатата мама се појави во одличен фустан, а ѕвезда на настанот беше малата Малти која наполни една година минатиот месец.


„За мојата убава сопруга, ти си спокојот во лудилото, карпата во бурата, а јас сакам да останам во браксо тебе. Тоа е најголемиот подарок. Го сакам родителството со тебе, така Малти Мари... Здраво, душо. Едвај чекам да дојдам овде со тебе за 15 години и да те посрамотам пред твоите пријатели“, рече Ник од бината.

На настанот беше и актерката Софи Тарнер, сопруга на Џо Џонас. Славниот пар има две деца.


Фото: Youtube - screenshoot/ Instagram

Видео: Youtube