Пријави се, тестирај се и освој! Creative Hub доделува стипендии за најдобрите!

Добивај вести на Viber

Во тек се конкурсите за стипендии за едукативни програми на Creative Hub, во кои се вклучени Академија за Маркетинг и ПР, Академија за Графички дизајн како и новоформираната Академија за Веб Дизајн.

Creative Hub ги отвора вратите за сите кои што се заинтересирани за сопствена едукација, доквалификација или преквалификација во делот на Маркетинг и ПР и Графички и Веб дизајн. Сите оние кои ќе аплицираат до 5 септември ќе имаат можност да се тестираат и да освојат една од стипендиите кои ги нуди Creative Hub.

Пријавените имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 1.000 евра или делумна стипендија во вредност од 500 евра. Вкупниот фонд на стипендии изнесува 6.000 евра за стипендијата за Графички и Веб Дизајн, додека за Академијата за Маркетинг и ПР изнесува 2000 Евра ( една стипендија од 600 и четири делумни стипендии од 300 ЕУР).

Академиите почнуваат со предавања од 15 септември.

Creative Hub продолжува да биде лидер во иновативни едукациони програми преку програми кои соодвествуваат на потребите на пазарот, преку вклучување на предавачи кои се основачи и менаџери на елитни македонски компании, посета на компании, организирање на едукативни евенти како и ЗАГАРАНТИРАНА ПЛАТЕНА пракса со можност за вработување за секој студент во дел од врвни компании.

Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од академиите на Creative Hub можат да аплицираат contact@creativehub.mk или пак на телефонскиот број 071 214 849. 

Програмите и предавачкиот тим подетално може да се погледнат на www.creativehub.mk