Прилепчанката Оливера го живее американскиот сон: Една од најзгодните пејачки на нашата естрада, денес пее со познати американски легенди
Беше една од најзгодните пејачки на естрадата, денес дефинитивно го живее својот американски сон.
Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, по неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.
Таа повеќе од 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а има и американско државјанство.
На музичко поле сега се пронаоѓа како поп опера пејачка, а нејзините изведби воодушевуваат. Оливера е професорка во Музичката академија во Лас Вегас.
Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, но и диџејот Стив Аоки, а последна соработка за која е многу горда, објави и на социјалните мрежи.
„Каква чест е да се изведува опера за неверојатниот музичар и текстописец Мигел (Miguel) на афтер забавата на @iheartradio. Многу е благослов да го споделам мојот подарок со моите драги пријатели и неверојатни музички легенди. Многу сум благодарна“ - напиша Оливера на Фејсбук објавувајќи неколку фотки со Мигел.
Оливера има и една друга преокупација, а тоа е снимањето видеа кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.
Дел е од тимот на „JIBRIZY“ - момчето кое има 3 милиони следбеници на Фејсбук, 2.5 милиони следбеници на Тик Ток и половина милион на Инстаграм. Нивните заеднички видеа бројат дури и над 185 милиони прегледи.
Ѓоргоска одлично се снаоѓа во глумата, а за пофалба е и нејзиниот американски говор, по кој ретко би препознал дека станува збор за девојка од Македонија.