Пример за другите јавни личности: Приватноста на Здравко Чолиќ
Во елитна населба Кошутњак каде што живеат голем број дипломати, живее и легендарниот Здравко Чолиќ, заедно со сопругата Александра и со ќерките Уна Ѕвездана и Лара.
Во населбата се наоѓа рампа за влез, а домот на пејачот кој со години преку своите песни измамува насмевка на сите негови обожаватели е опкружен со зеленило, голем двор, високи капии и постои високо ниво на безбедност.
Неговите соседи го опишуваат како културен и насмеан човек, кого славата не го променила, па кога има слободно време ја носи помалата ќерка Лара на детското игралиште и секогаш ги поздравува случајните минувачи и комшии.
Исто така, Чола обожава да трча и џогира, па според соседите тој е пример за тоа како и другите јавни личности треба да се однесуваат приватно, а исто така е и пример за водење на здрав живот и одржување на совршена телесна форма.
Тоа што посебно треба да се истакне за пејачот е дека е еден од ретките кој успева да ја зачува приватноста за себе, надвор од јавниот живот тој е посветен татко и сопруг.