Принцот удри по кралот! Жестока пресметка меѓу Чарлс и Вилијам – еве што му направи синот на таткото
Принцот Вилијам му наложил на својот татко, кралот Чарлс, дека ќе мора да плати доколку сака да остане гостин во куќата во Велс и дека мора да ги исели сите свои работи од имотот, пишува „Дејли мејл“
Британските медиуми тврдат дека Чарлс се „полудел“ откако Вилијам, новиот принц од Велс, му рекол дека планира да ја изнајмува куќата, која Чарлс ја купил во 2007 година за 1,2 милиони фунти и со љубов ја реновирал и опремил.
Имотот Llwynywermod, на периферијата на националниот парк Брекон Биконс во Јужен Велс, беше купен преку Војводството Корнвол и беше преземен од Вилијам по смртта на кралицата Елизабета Втора минатата година. Чарлс поминуваше една или две недели таму секое лето, но Вилијам реши да стави крај на оваа традиција.
Имено, по септември оваа година оваа куќа ќе биде достапна за изнајмување на агентите за недвижности, а оваа одлука на принцот од Велс „многу го разочарала“ кралот, велат упатени извори. Тоа значи дека Чарлс ќе мора да ги извади сите свои лични работи надвор од куќата.
„Кралот беше прилично вознемирен, но така стојат работите. Тоа значи дека тој сè уште може да остане таму, но ќе мора да плати кирија на војводството, а остатокот од времето куќата ќе биде изнајмена“, рекол извор близок до кралска фамилија.
Куќата со три спални соби е уредена во елегантен, но малку рустикален стил, а кралот и кралицата посветиле многу внимание на секој детал. Голема штала е дел од куќата, но таа е претворена во убава трпезарија која може да прими 16 гости.
Извор: Жена блиц.рс
Фото: Принтскрин, јутуб