Приспособена на корона мерките: Ревија на Москино со кукли (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пандемијата со коронавирус покрај сите свои негативности, воведе и сосема нови чекори во модата. Модната куќа Москино, преку социјалните мрежи сподели видео од својата ревија од колекцијата пролет/лето 2021, ревија на која беа претставени најновите креации од кукли.

За следбениците и обожавателите на парчињата од овој бренд, оваа идеа е повеќе од прифатлива, нова, неверојатна, уникатна, а пред се сите се заштитени.

Покрај куклите манекенки, на ревијата имаше и гости кои исто така беа кукли, присутна беше и најмоќната и најугледната жена во светот на модата, Ана Винтур, голем број на светски познати модни критичари и верни следачи на модните трендови.


Неверојатно, зар не?!


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) И на 17 години и после 40-та: Татјана Стојановска е подеднакво згодна во костим за капење

Модна ревија дома: Старица (91) покажа како тоа се прави профи