Пристигна во друштво на новиот дечко: Мерил Стрип на доделувањето на Еми наградите се појави во неверојатен монохроматски костим совршен за сите жени над 50-те

Добивај вести на Viber

Во неделата на 15 септември, во Лос Анџелес се одржаа наградите Еми, еден од најпрестижните настани во светот на кинематографијата, а на црвениот тепих прошета една од најголемите актерки на сите времиња – Мерил Стрип.

Мерил Стрип пристигна во театарот „Пикок“ за 76-тото доделување на Еми наградите, каде што доби номинација за најдобра споредна женска улога во комедија за нејзината улога на Лорета Дуркин во "Only Murders in the Building" на Хулу.

Таа изгледаше елегантно во монохроматски костум во боја на шеќерна волна, што веднаш нè врати во естетиката на Барби, која доминираше во светот на модата лани.

Инаку, на доделувањето на наградите Еми беше и нејзиниот колега од серијата Мартин Шорт, а со месеци се шират гласини дека тој и Мерил се во врска.

Тие седнаа еден до друг на доделувањето на Еми наградите, а многумина внимателно ги следеа.

Појавувањето заедно на овој престижен настан не е изненадување бидејќи, според објавата од 13 септември на мрежата „Х“, поранешен Твитер, вило објавено дека парот ќе седи заедно на церемонијата.

Да потсетиме и двајцата ги демантираа овие гласини иако често беа видени заедно во јавноста, а Мартин лично изјави дека се само пријатели и ништо повеќе.

Фото:Screenshot/instagram