Животна училница // Приказни
Привлечните жени точно знаат што сакаат
Што ја опишува привлечната жена, онаа која совршено комуницира со својата женственост и се чувствува одлично во својата кожа? Сигурност, интелигенција или став? Едно е сигурно: таа е опуштена, освојува со поглед, движење и држење. Но, покрај се, поседува и пет нагласени навики кои ја двојат од маса.
Не влегуваат пребрзо во интимни односи
Оваа жена е мошне опуштена и ужива во љубовта. Но, сепак чека пред да се одлучи на интимност со партнерот. Посебно кога сака сериозна врска. Таа не сaка да брза со физичкиот однос, затоа што тоа има превисока цена. Овие жени не брзаат никаде и не дозволуваат каква било нетрпеливост и притисок врз нив.
Тие се страсни во сѐ што прават
Дамата која зрачи со женственост не е зависна од својот партнер. Таа не настојува да се држи со сите сили за него. Мажот го прави поубав нејзиниот живот, но тој не е нејзиниот живот. Таа својот живот до пополнува со интересни и вредни потфати, осмислува цели и ги достигнува. Често имаат потполно одвоена кариера, хоби и сметки во банка.
Тие се емотивно стабилни
Овие жени се стабилни во голема мера. Тие се смирени и знаат како да ја контролираат својата лутина. Тие сфатиле дека среќата потекнува од внатре. Затоа создаваат стабилност. Ги негуваат своите емотивни потреби, го негуваат својот психички и духовен живот, одржуваат добри пријателства, вежбаат, се ослободуваат од стрес преку различни техники. Со партнерот се топли, нежни, полни разбирање и љубов. Тие знаат дека балансираниот живот им овозможува среќна и успешна врска.
Ги знаат своите граници
Силните и прилечни жени не се плашат да зборуваат и слободно да го изразат своите ставови. Ова посебно се однесува на границите во врската. Тие не настојуваат да претераат со своите барања или посебниот третман. Тие едноставно очекуваат одредено ниво на почит и не се плашат да ги изразат своите потреби.
Не удираат со глава во ѕид
Жените денес се борат со бројни притисоци. Што да јадат за да бидат згодни. Кога и дали да раѓаат… Но, не треба да се брза. Секое брзање води до погрешни избори и последици од нив. Привлечните жени се сигурни во себе и своите квалитети. Конците на својот живот ги држат цврсто во рака. Внимателно следат се. Не избираат врска по секоја цена. Не влетуваат во брака само затоа што дошле годините. Не раѓаат само за да не зборуваат соседите. Тие избираат мудро.