Проблеми во рајот: „Меган и Хари живеат во пеколот, тој веќе е иселен од вилата“
Принцот Хари и
Меган Маркл наводно имаат потешкотии во нивниот брак, па војводата и војвотката
од Сасекс моментално се разделени за да ја обноват својата врска, според Page
Six.
„Тие се обидуваат да откријат што се случува во нивниот брак. Хари не се вклопува во кичестиот холивудски свет на Меган“, рекол неименуваниот извор.
Тој наведува дека парот е „под огромен финансиски притисок да го задржат својот раскошен начин на живот во Калифорнија, кој ја вклучува и нивната палата од 14 милиони долари“.
„Тој стрес, заедно со нивните емоционални проблеми, веројатно го претворија животот во пекол“, вели изворот.
Во меѓувреме, страницата на Инстаграм „Deuxmoi“, која објавува озборувања за познатите личности, објави дека парот „ја продала својата куќа во Монтесито“ во округот Санта Барбара и дека Хари „живее на друго место“.
Сепак, извор близок до парот инсистира дека сите шпекулации за тешкотии или разделба се невистинити.
„Тоа не е вистина. Буквално се е измислено“, рече тој.