Проф. Д-р Тониќ-Рибарска: Алтернативните начини на задоволување на потребата од никотин се помалку штетни од цигарите
Проф. Д-р Тониќ-Рибарска: Алтернативните начини на задоволување на потребата од никотин се помалку штетни од цигарите и се важна алатка во целокупната стратегија за намалување на штетите од пушењето во корист на јавното здравје.
Науката го препознава концептот на намалување на штетите при креирањето на политиките е главниот заклучок од вчерашната научна дискусија која се одржа во Македонската академија на науки и уметности, а по повод завршувањето на мултидисциплинарниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“. Овој проект го спроведе Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, а беше поддржан и од компанијата „Филип Морис Интернешнл“.
Заедно со уште неколку научни експерти, во дебатата учествуваше и Проф. Д-р Јасмина Тониќ-Рибарска, дел од истражувачкиот тим на проектот при Македонската академија на науки и уметности, која работи како професор на Инситутот за применета хемија и фармацевтски анализи при Фармацевтскиот факултет, УКИМ, во Скопје. Таа истакна дека изнаоѓањето на алтернативни начини на задоволување на потребата од никотин, базирани на производи кои би се карактеризирале со помала штетност во споредба со цигарите е несомнено важна гранка од современата наука и технологија.
„Решавањето на оваа задача бара суптилно комбинирање на најсовремените научни сознанија и соодветна инженерска иновативност. Со оглед на фактот што станува збор за здравјето на индивидуите кои се корисници или потенцијални корисници на овие производи, неопходна е темелна карактеризација на сите хемиски ентитети генерирани од ваквите производи и евалуација на нивната потенцијална штетност“, истакна Тониќ-Рибарска.
Според неа, покрај другите аспекти како што се вкусоти ритуалот, никотинот е една од причинитешто луѓето пушат. „Никотинот, иако создава зависност и не е без ризик, не е примарнатапричина за болести поврзани со пушењето. Всушност, експертите се согласуваат декаболестите поврзани со пушењето се предизвикани првенствено од хронично изложувањена штетните состојки што се произведуваат кога тутунот согорува“.
Проф. Д-р Јасмина Тониќ-Рибарска нагласи дека досегашните научни студии покажале значителни намалувања на концентрациите на сите токсични материи во аеросолот генериран од Електричниот систем за загревање на тутун, во споредба со чадот од цигарите.
„Несогорливите производи од тутун, односно електрично загреани тутунски производи претставуваат понова категорија на производи кои се развиени со цел да се намали ризикот поврзан со пушење цигари кај возрасни пушачи кои немаат намера да се откажат од пушење. Овие производи го загреваат тутунот на температури доста пониски од температурата која е потребна за да дојде до согорување, така што се генерира аеросол кој содржи никотин, но значително пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни хемикалии за разлика од чадот од цигарите. Кај најголем дел од штетните или потенцијално штетните конституенти, ова намалување изнесувало и повеќе од 90% во споредба со цигарите преку согорување на тутунот “.
„Она што литературниот преглед го покажа е дека резултатите од досега спроведените истражувања се усогласени, научно издржани и во согласност со ставот дека несогорливите производи од тутун начелно се поврзани со помала штетност по здравјето на луѓето во споредба со пушењето цигари.
Имајки во предвид дека најзначајните заклучоци од овие студии се изведени од испитувања на предклинички модел системи (in vitro испитувања на клетки/ткива и на лабораториски животни) и дека податоците од клиничките студии кај луѓето се извршени на лимитиран број на испитаници и за релативно краток временски период, конечниот заклучок во однос на влијанието на здравјето кај луѓето на овие прозводи ќе треба да се донесе по комплетирањето на тековните ранодимизирани клинички студии.
Сепак, од прегледот на досега достапните податоци, како и од сознанијата дека истите се веќе означени како производи кои ја намалуваат штетата од пушењето од релевантни регулаторни агенции, овие производи би требало да се земат во предвид како важна алатка во целокупната стратегија за намалување на штетите од пушењето во корист на јавното здравје“, потенцираше Проф. Д-р Тониќ-Рибарска