ПроКредит останува единствена банка во Македонија со потврден меѓународен рејтинг
Fitch Ratings, светски лидер во
оценување на кредитниот рејтинг на финансиските институции, и оваа година го
потврди рејтингот БББ- на ПроКредит Македонија со долгорочен стабилен изглед.
ПроКредит Банка е единствена банка во земјава која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings. Ова е потврда дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво.
Уште од самите почетоци во работењето, ПроКредит Банка се позиционираше како банка која работи според принципот ‘одговорно банкарство’, што подразбира соодветна проценка на ризикот, особено во сегментот на кредитирање, со фокус на безбедноста и долгорочниот бизнис модел, а не на краткорочни профити. Според Fitch Ratings, стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките произлегува токму од овие уникатни практики и корпоративна култура.
Што значи Fitch Rating?
Fitch ratings и сличните агенции како неа и помага на јавноста да се информира за финансиската стабилност на банките со цел да донесат добри финансиски одлуки. Се работи за проценка на банките дали се во можност да си ги извршат сите побарувања и дали менаџирањето на ризиците е на соодветно ниво. Стабилниот рејтинг може да биде пресуден во одлуката при избор на банка на нови клиенти како и гаранција за квалитет и потврда за направен добар избор на веќе постоечките клиенти.
ПР објава