,

Пролетни новитети од Clinique

Добивај вести на Viber

Грижата за себе почнува од кожата која е сензитивна на секоја промена што ја доживуваме. Токму затоа, потребно е секогаш да биде во добра кондиција, свежа, чиста и хидрирана.


За таа цел, брендот Clinique вчерашниот ден го посвети на грижата за себе, на негуванатa жена која секогаш изгледа убаво.


Ексклузивниот едукатор за козметиката Clinique на Балканот, Глорија Мапилеле Тодоровиќ, ги запозна присутните со новиот производ Clinique Moisture Surge 72 hours. Станува збор за крем гел кој на кожата и ја враќа еластичноста и сјајот, благодарение на новата и подобрена формула која овозможува водата да циркулира 72 часа, односно цели три дена.

На настанот беа присутни медиумите и најпознатите инфлуенсери од Македонија кои беа воодушевени од ефектите на Moisture Surge.


Преку демонстрација, имаа можност веднaш да ги почувствуваат промените на кожата кои Moisture Surge ги предизвикува. Станува збор за хидрантен, брзо впивачки гел крем кој овозможува 72 часовна константна хидратација, дури и после миење на лицето!

Благодарение на новата и подобрена формула, Moisturе Surge континуирано ја храни кожата со вода и го дава посакуваниот ефект преку 3 автоматски комплементарни технологии:

1.Моментална хидратација од 152% за кожата да изгледа свежа, мазна и сјајна со помош на хијалуронска киселина и глицерин.


2.Помага да се спречи загубата на вода од кожата со помош на технологијата Super Matrix, така што на крајот од денот кожата е двапати повеќе хидрирана од претходно.


3.Технологија за зајакнување на кожата, напојувана од активната Алое Вера и кофеин кои помагаат во зголемување на природната способност на кожата за пумпање/вртење на водата повторно внатре и помеѓу клетките на кожата. Замислете го ова како внатрешна “воденица” која влече вода од дното на бунарот, а потоа без престан циркулирајки, го снабдува секој слој на кожата. На тој начин постојано и трајно ја хидрира кожата.


Гостите имаа можност да ги пробаат и маските за лице за кои целиот свет зборува - Glam GLow. Преку презентација, се запознаа со ефектот на Glam Glow.