Прва снимка од масовната тепачка на настапот на Анабела Атијас: Луѓето бегаат во паника, хаос по улиците на Бар (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Масовна тепачка се случи на настапот на Анабела Атијас и Сава Перовиќ во Бар

Масовна тепачка се случила за време на настапот на пејачите Анабела Атијас и Сава Перовиќ во Бар, Црна Гора.Имено, на видеото кое се шири на социјалните мрежи се гледаат луѓе како панично бегаат од локалот и трчаат по улица.

Анабела додека летале шишиња и чаши околу шанкот, брзо се упатила кон ќерката Бланкица (10) која се обидела да ја заштити.

Анабела се огласи по инцидентот и откри дека се исплашила бидејќи за прв пат со себе ја зела најмладата ќерка Бланкица на настап.

- Да бидам искренa, не ја знам причината, но беше непријатно, особено што првпат ја донесов ќерка ми. Сум билa таму неколку пати до сега, никогаш немало никакви проблеми. Мислам, се случува, но сигурно не е пријатно... Сите сме добро, фала Богу, и фала што се грижите - изјавила Анабела за Republika.rs.

Фото:anabelaatijas/instagram