,

Првата дама на роденден кај Јована, Теодор и Александар: Дечиња во социјален ризик од здружението „Проект Среќа“

Добивај вести на Viber

Првата дама славеше роденден со Јована, Теодор и Александар.

„Проект Среќа“ е здружение, кое единствено на нашите простори, е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење, создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности. 
„Проект Среќа“ за многу кратко време стана синомим за среќа кај децата, синоним за градење на филантропско и хумано општество, кое создава можности за децата во социјален ризик, со акцент на децата кои живеат во сиромаштија, и во рурални средини.

На роденденот на Јована, Теодор и Александар присуствуваше и првата дама која со нив го помина среќниот ден и им порача дека ниту небото не е граница за исполнување на нивните желби, бидејќи секое дете заслужува еднакви можности за исполнување на сништата.


Соодветно на приликата, ден поминат во природа со дечиња, првата дама носеше лежерна комбинација составена од фармерки, мајца и патики.