Првата фотографија од Бојана Баровиќ со новородената ќерка: Насмевка на лицето и наследничката во прегратка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ова е нејзина прва објава по породувањето

Манекенката Бојана Баровиќ вчера се породи и на свет донесе ќерка на која со нејзиниот сопруг Никола Роквиќ ѝ го дадоа името Ангелина.

Гордата мајка вчера одмараше и не се огласи на социјалните мрежи, но затоа денеска ја објави првата фотографија по породувањето, со нејзината наследничка.

Имено, Бојана ја држеше Ангелина во раце, а манекенката не можеше да ја сокрие насмевката на лицето и среќата во нејзините очи.

View this post on Instagram

A post shared by Bojana Barovic (@bojanabarovic)


Инаку, таа се породила во клиника во Белград, а девојчето при раѓањето добило чиста десетка од докторот.

На почетокот на овој месец, и братот на Никола Марко доби девојче, кое гордите родители го крстија Драга.

Извор: 24sedam.rs