Првенчето е снимено, во него оставив голем дел од мене и мојата индивидуа: Ивона Јо реши посериозно да ѝ посвети на музичката кариера (ФОТО)
Пејачката која изминатиот период ги воодушеви сите со својата трансформација, сега имаше уште среќни вести за нејзините обожаватели...
Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, откако му посвети на изгледот и буквално се трансформираше, одлучи дека е време посериозно да ѝ се посвети на својата музичка кариера. Иако постојано има настапи и ги полни клубовите низ Македонија, пред неколку дена ја сними својата прва песна.
Многу детали не откри, освен дека се има дадено цела на ова нејзино првенче. Споделувајќи неколку фотографии од музичкото студио во кое ја сними песната, Ивона ги заинтригира своите следбеници, кои сме сигурни дека со нетрпение ја очекуваат нејзината нова песна.
„Дур пијам добро вино на Скадарлија вив го пишувам овој пост со отворено срце и сакам да допре до вас! Луѓе мои! Ја снимив! Првенчето е снимено. Првеченче во овој нов живот. Мојата прва песна каде оставив траг и голем дел од мене и мојата индивидуа.
Многу наскоро ви откривам повеќе детали. Ви благодарам од срце што бевте тука и имавте трпение. Низ 2023 ќе испишеме заедно приказна“ - напиша младата пејачка.
Ако го земеме предвид фактот дека ја сними во Белград, има шанси нејзината прва песна да е на српски, но сето тоа ќе го дознаеме во моментот кога пејачката ќе ни откри повеќе детали.
Инаку, кога е нејзината трансформација во прашање, таа постојано се потсетува на процесот на трансформација, а за тоа колку се променило нејзиното тело, храбро споделува на социјалните мрежи. Исто така, досега повеќепати истакна ддека е горда на телото и лузните по него, после операцијата.фото: Принтскрин / Инстаграм