Животна училница // Приказни
Прво внуче за семејството Живојиновиќ: Се породи Александра Пријовиќ, а синот доби преубаво име
- 06 Март, 2019
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители.
Александра се породи денес и на свет дондесе момче, кое ќе го носи името Александар, пишува српски Курир. Пејачката се породила со царски рез, а бебето имало 2800 грама.
И мајката и бебето се чувствуваат одлично. Александра иако прво размислуваше да се породи во Америка, сепак тоа го направи во Белград во една приватна болница. Така се одлучи бидејќи во Белград пред се ќе има помош, од нејзината мајка, мајката на Филип и секако бабата Лепа Брена.
Ова е прво внуче за дедото Бобан Живојиновиќ, прославениот тениски ас, па среќата е неизмерна во семејството.