Првото момче ѝ загина во војна, имаше тумор, а преживеа и депресија: Мрачната страна на Анабела
Пејачката е дете на разведени родители, а самата призна дека тоа оставило последици врз неа, како и дека се уште има трауми. Долгиот тежок удар се случил кога во Босна почнала војната. Таа била трета година во средно училиште, па тогаш заминала кај момчето кое поради кариерата како ракометар во тој момент живеело во Швајцарија. Бил професионален спортист, а таа престојувала кај него за време на распустот.
- Сакаше да заврши некои административни работи пред да се врати во Швјацарија. Отиде во Горажде и е пронајден мртов. Загина. Во тој момент мојот живот се преврте наопаку. Целата убавина и безгрижност исчезнаа, а дојдоа тешки денови - раскажа Анабела во една прилика.
Бидејќи во тој момент одекнала војната, пејачката ги прекинала сите контакти со родителите. Се вработила во една банка како секретарка, а директорот на таа банка кој бил бегалец од Хрватска ѝ помогнал. Никако не можела да дојде до родителите.
Пред Анабела да замине кај мајка си, претходеше снимање на песна со тогашното момче и иден сопруг Гаги Џогани. За таа песна известуваше и „CNN“, каналот кој Анабела го гледаше постојано поради вестите за Југославија. Репортерот одеше од дискотека до дискотека и секаде се слушаше нивната песна. Дури тогаш му поверувала на Гаги дека се популарни и дека имаат хит. Со Гаги се венча во 1995 година, по операцијата на тумор. Имено, Анабела на само 19 години на дојката почувствувала грутка, со која го открила туморот на време, па беше на хормонска терапија и заздрави успешно.
Анабела и Гаги ЏоганиПо ова, пејачката забремени, бременоста ѝ помина добро, но не можеше да ја дои Луна. Уште еден удар во животот ѝ дојде кога го преживеа губитокот на близнаците.
- Сосема изненадно дојде до компликации. Бебињата починаа. Ги изгубив близнаците, а со оглед на тоа дека освен огромна душевна болка и тага, во тој момент немав здравствени проблеми, менаџерите ми рекоа дека морам да се појавам на закажаниот настап - се повери Анабела по големата загуба.
Анабела по една година од спонтаниот апортус, ја доби втората ќерка Нина. Иако се помина како што треба, пејачката падна во депресија. Со поддршка на Гаги и професионална помош успеа да го надмине тој период. Анабела и Гаги се разведоа по 14 години брак, а таа разделба ја следеа различни приказни за злоставување и неверства.
Анабела со трите ќеркиПо тешкиот развод, таа се заљуби во манекенот Младен Радуловиќ, кој го запозна на „Големиот брат“. И таа љубов, по помалку од една година, заврши. До скоро беше во брак со Андреја Атијас со кого ја имаат ќерката Бланкица, а овие денови е во центарот на вниманието поради разводот.
Денес Анабела е среќна, бидејќи ќерка ѝ Луна ѝ ја соопшти најубавата вест. Анабела ќе стане баба. Пејачката си нетрпение го очекува своето прво внуче.Фото: hellomagazine.rs
Можеби ќе ве интересира:
Ќе станат баба и дедо: Весна и Џоле Џогани се огласија за приновата