Актуелно // Insta вести
Првпат по 10 години летав со жена капетан и само женски кабински екипаж: Македонската пилотка Ива е вистинска гордост
Храбрата Ива Матиќ испиша историја како првата жена пилот на хеликоптер и прва жена воен пилот во Армијата на Македонија, но, небото нема граници, па се вивна уште повиско кон небесните височини, освојувајќи го кормилото на патнички авион, и стана цивилен пилот на комерцијални летови.
Овој пат Ива на својот профил на Инстаграм објави фотографии за првиот лет по 10 години кој го водела само со жени.
„Денес, по 10 години како пилот, првпат летав со жена капетан и само женски кабински екипаж. Прекрасен ден, и ќе има уште многу вакви“, напиша таа.
Жените сѐ уште се реткост во оваа професија, но храбрата Ива која е дел од малиот процент на жени пилотки во светот, со нетрпение го очекува денот кога веќе нема да биде така.